Skip to end of metadata
Go to start of metadata
Регистрирајте се на EUREM MK Sign Up за да можете преку оваа страница (Проекти и конкурси) да имате пристап до информации за годишните конференции, тековните конкурси за обуката за европски енергетски менаџери, настани и EUREM проекти во Република Македонија и регионот.


група: мај 2017

пријавувањето и пополнувањето на групата е ВО ТЕК

пријава

брошура (.pdf)

Меѓународниот сертификат за European Energy Manager на учесниците на обуката од Македонија го издава Стопанската Комора на Нирнберг - Германија, издаден на германски јазик за употреба во Сојузна Република Германија и на англиски јазик за интернационална употреба.

повеќе...

Македонски енергетски ден 2016

Организаторот EUREM MK Здружение за енергетска ефикасност при Стопанската комора на мал бизнис на Македонија повикува на учество со презентација на проекти и проектни идеи за енергетски ефикасни објект во рамките на Македонскиот енегергетски ден 2016 година.

Пријавувањето на проектните идеи се врши со пополнување на пријава.

КОЈ МОЖЕ да пријави проектна идеја?

Проекти и проектни идеи можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост каде постои реална можност за реализација на предложените проекти.

Презентација на проектните идеи ќе се реализира во програмата на Македонскиот eнергетски ден 2016, кој како настан од EUSEW - European Sustainable Energy Week ќе се организира во Скопје на 24 јуни 2016 година.

повеќе...

практична менторска обука

Центарот за финансирање и менторска поддршка претставува групација во рамките на Стопанската комора на мал бизнис на членки со приоритетна дејност: фондација, финансирање, финансиски и сметководствен консалтинг и деловен консталтинг, а со основна цел на групацијата - менторство и поддршка на менаџментот на малите и средни претпријатија во одредување, аплицирање и имплементирање финансиски инструменти за поддршка на реализација на профитабилни проекти.

повеќе >>

Соработката со Центарот за финансирање и менторска поддршка заинтересираните можат да ја остварат како придружни членови или како подизведувачи на проектите.

ПРИЈАВА за соработник

...изразување интерес за учество од заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и/или подготовка и реализација на институционална рамка за политиките на енергетска ефикасност.

повеќе >>

Основачки состанок на Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој, на иницијатива на EUREM MK и Собранието на Стопанската комора на мал бизнис на Македонија, на 9 април 2016 година во Скопје. Националниот конзорциум се основа за поддршка на претстојните локални, регионални и проекти од интерес на членките.

Согласно проценките на EBRD за инвестицискиот потенцијал за енергетска ефикасност во резиденцијалниот сектор во земјите на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, планиран е грант-буџет од 11 милиони евра за техничка поддршка на засегнатите страни и подобрување на легислативата поделен во три компоненти:

  • техничка поддршка за банки, добавувачи/монтажери на ЕЕ опрема
  • пристапување до ЕЕ проектите за Заедници на станари и други организации за управување со станбени комплекси
  • подобрување на ЕЕ легислативата

За реализација на проектните активности, Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој повикува приклучување на заинтересирани субјекти.

пријава >>

EUREM Newsletter

download >>> (за регистрирани корисници)

Регистрација на порталот EUREM MK

Регистрирајте се на EUREM MK Sign Up за да можете преку оваа страница (Проекти и конкурси) да имате пристап до информации за годишните конференции, тековните конкурси за обуката за европски енергетски менаџери, настани и EUREM проекти во Република Македонија и регионот.

По регистрацијата, ќе добиете потврда на Вашиот e-mail за успешноста на регистрација. Ве молиме, дозволете им на нашите администратори, неколку часа од пријавувањето, да Ви одобрат пристап до дополнителните содржини на EUREM MK порталот.

  • No labels